Ердоган: Сите го бранат Израел, а Газа доживеа злосторства како оние во крстоносните војни и Втората светска војна
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека Израел ги користи сите модерни средства за војување, вклучително и заканите дека ќе фрли атомски бомби врз жените, децата и постарите лица.
Тој предупреди дека Израел се обидува да ја скрши отпорноста на Газа со намерно бомбардирање на болниците во опколената енклава.
„Израел и неговите поддржувачи кои ги користат сите модерни средства за војна против децата, жените и постарите лица ќе бидат судени според совеста на човештвото“, рече турскиот лидер, додавајќи дека од почетокот на конфликтот во Газа, таа палестинска енклава „ доживеалa злосторства и суровост слични на оние во средновековните крстоносни војни и Втората светска војна“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа