Почина актерот Мето Јовановски

 

На 77-годишна возраст денеска почина актерот Мето Јовановски.

Веста ја објави на социјалните мрежи неговиот колега, Драган Спасов-Дац.

„Мето Јовановски се пресели во легендите. Нека му е вечна слава“, напиша Дац на Фејсбук.

Мето Јовановски беше еден од најпознатите македонски театарски, филмски и телевизиски актери. Глумеше во голем број филмови, меѓу кои
Среќна нова ’49, Тетовирање, Нечиста крв, Пред дождот, Прашина, Големата вода, Тајната книга, Деца на сонцето. Добитник е на голем број награди и признанија.

 

16.11.2023 - 14:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа