Македонија ќе потпишува договор за брза пруга со Србија додека во земјава не сообраќа ниту еден воз

 

Македонија и Србија заедно ќе побараат пари од Европската унија за изградба на брза пруга која ќе ги поврзува Скопје и Ниш.

Ова го изјави српскиот министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ за српските медиуми.

Весиќ изјави дека утре со македонскиот колега Благој Бочварски ќе потпише Меморандум за изградба на брза пруга од Ниш до Скопје.

– Ќе потпишеме Меморандум со Северна Македонија и јас сум особено горд на тоа – рече Весиќ.

Тој информира дека с во тек  проектирањето на делницата Ниш – Прешево, долга 135 километри, а македонската страна ќе ги проектираат „своите“ 50 километри од границата до Скопје.

Интересно е што оваа информација доаѓа во време кога Македонија нема ниту една функционална железничка линија. Товарниот железнички сообраќај е во целосен прекин откако напукна железнички мост кај Стоби додека патничкиот се одвива со систем на премостување, односно, патниците кај Сопот се префрлаат во автобус во кој се возат една станица и потоа повторно се враќаат во друг воз кој ги чека на следната станица.

 

16.11.2023 - 10:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа