Вархеји: ЕK е подготвена да ја забрза интеграцијата на ЗБ во ЕУ
Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји вечерва во Брисел изјави дека Европската комисија е подготвена да ја забрза интеграцијата на Западен Балкан во Европската унија.
За време на состанокот на министрите за надворешни или европски работи на членките на ЕУ и шесторката од Западен Балкан, Вархеји на платформата Х напиша дека Словенија, Австрија и Хрватска силно ги поддржуваат годишните извештаи на Европската комисија за земјите од регионот и новиот план за раст за Западен Балкан, што Европската комисија го усвои на 8 ноември.
Претходно денеска во Брисел се одржа состанок на Советот на ЕУ за надворешни работи, кој го сочинуваат шефовите на дипломатиите на земјите-членки на Унијата.
„На маргините на Советот за надворешни работи имав неколку билатерални средби. Словенија, Австрија и Хрватска силно го поддржаа Пакетот за проширување и новиот план за раст. Комисијата е подготвена да ја забрза интеграцијата на Западен Балкан“, информира Вархеји.
На вечерашниот министерски состанок ЕУ-Западен Балкан, чиј домаќин е шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, Република Северна Македонија ја претставува заменик-министерката за надворешни работи Фатмире Исаки.
The integration of the Western Balkans is our common aim.
This is about
our common security
our stability
our prosperityIt is our common project to secure peace on our continent.
2023 #WesternBalkans Ministerial meeting pic.twitter.com/DHAtQL2ygS
— Oliver Varhelyi (@OliverVarhelyi) November 13, 2023
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа