МВР: Ќе има казни за транспарентите на дербито Вардар-Шкупи
Навредливите пароли на натпреварот Вардар-Шкупи кои предизвикаа и меѓуетнички тензии на социјалните мрежи – нема да останат неказнети.
Ова е ставот на Министерството за внатрешни работи од каде се најавуваат и поднесоци до надлежните институции за транспарентите кои се вееја на трибините.
„Ве известуваме дека од страна на СВР Скопје за време на спортскиот натпревар констатирани се прекршоци од Закон за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари и по дополнителни мерки и активности ќе бидат поднесени соодветни поднесоци до надлежни институции“, велат од МВР за „Скопје1“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа