Пензионер се обиде да прегази градоначалник во Холандија
Холандската полиција уапси 76-годишен маж, кој утрово се обиде да го прегази градоначалникот на градот Дримелен, Бој Шолце, со својот автомобил.
Тоа се обидел да го направи ова кога градоначалникот влегувал во градското собрание, објави „НЛ тајмс“.
Градоначалникот се фрлил на страна за да не биде удрен, соопшти полицијата.
Како што наведуваат, човекот за време на нападот извикувал хомофобични забелешки упатени кон Шолце. Министерот за правда во заминување, Дилан Јесилгоз, го нарече нападот врз градоначалникот страшен.
Некои други градоначалници се огласија на социјалните мрежи – Ваутер Колф од Дордрехт го нарече инцидентот бизарен, а Сиерт Потерс од Де Билт напиша дека сите треба цврсто да застанат зад колегата Шолце и никогаш да не отстапуваат пред заплашувањето и насилството.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа