Голем пожар под Тимјаничка цуцка кај Неготино

Пожар избувнал вечерва под Тимјаничка цуцка кај Неготино, оваа информација за МИА ја потврдија неготинскиот градоначалник Горан Стојанов и Центарот за управување со кризи. Стојанов рече дека на терен гаснат осум пожарникари со две противпожарни возила.

- Од Е-112 добиена е пријава за пожар на отворено кај месноста позната како „Трафостаница – Дуброво“ (Општина Неготино) што, според пријавувачот, е со големи размери. Пожарникарите од ТППЕ Неготино се излезени на терен, рекоа од ЦУК.

03.11.2023 - 19:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега