Метеоаларм: Издадено предупредување - Македонија во жолта фаза поради опасност од невреме


Метеоалармот на европската метео служба издаде предупредување според кое Македонија речи си по целата територија ќе биде во жолта фаза. Предупредувањата се издадени за засилен ветер но и за обилни врнежи од дожд.

Во сабота времето ќе биде облачно и посвежо со врнежи од дожд, на повеќе места обилни (над 30 л/м2), а локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Во недела ќе дува засилен јужен ветер, а врнежи од дожд се очекуваат попладне во западните делови.

Потоа, во тек на следната работна седмица ќе преовладува стабилно и посончево време, а температурите ќе се задржат релативно високи, но со тренд на постепено намалување.

 

03.11.2023 - 12:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега