ВМРО-ДПМНЕ ќе побаа проширување на работата на Анкетната за скандалот на Онкологија

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе бара проширување на работата на анкетната комисија за скандалот на Онкологија. Партијата се очекува ова и официјално да го потврди на прес конференција денеска.
Ваквото барање доаѓа откако опозицискиот лидер Мицкоски вчера на прес конференција објави како што рече нови докази дека скандалот на Онкологија се уште трае односно дека и натаму се прават разни манипулации со набавката и распределбата на лековите.
Инаку денеска во Собранието за последен пат треба да заседава Анкетната комисија за скандалот на Онкологија и на неа е најавено вкрстено испрашување на сведоци.

03.11.2023 - 10:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега