Словенија со алармантно предупредување до граѓаните: „Доаѓа еден од најсилните циклони, заслонете се со време“

 

„Доаѓа еден од најсилните циклони во последните десет години, засолнете се на време, не’ чекаат есенски поплави, ги отворивме училиштата за сите оние кои не се чувствуваат безбедно дома“. Вака гласи една од алармантните пораки што претставници на Агенцијата за животна средина и цивилната заштита на Словенија ги испратија до своите граѓани.

Поради невремето кое се приближува од Алпите во Словенија, се вклучија црвените метео аларми. Се очекуваат обилни врнежи, силни налети на ветер и излевање на реките.

Државниот хидрометеоролошки завод на Хрватска за денеска во попладневните часови прогласи црвен аларм за три хрватски региони – Риека, Книн и Сплит, додека за остатокот од земјата е на сила портокалово метео предупредување. Се најавува дека Хрватска ќе ја зафати бран обилни врнежи, нивото на водата ќе се покачи, а има и предупредувања за поплави. Државниот хидрометеоролошки завод ги предупреди граѓаните да избегнуваат патувања кои не се исклучително важни.

Поплавите се првенствено резултат на зголемената урбанизација на градовите и недостатокот на водопропустливи површини. Поради ова, градските канализациски мрежи не можат да „проголтаат“ големо количество врнежи што паѓаат за кратко време, пишува „Јутарњи“.

02.11.2023 - 19:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега