Вучиќ го распушти српското Собрание и распиша избори
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска го распушти српскиот Парламент и распиша парламентарни избори за 17 декември.
„Почитувани граѓани на Република Србија. Врз основа на член 109 ставови 1 и 5 од Уставот на Република Србија и член 21 став 1 од Законот за претседателот на Републиката, врз основа на образложен предлог на Владата од 30 октомври 2023 година донесувам указ за распуштање на Народното собрание на Република Србија“, рече Вучиќ.
Вучиќ изјави дека распишува избори за пратеници за 17 декември 2023
01.11.2023 - 10:37
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа