(ВИДЕО) Фон дер Лајен: Со нетрпение Ве очекувам во ЕУ, веќе постигнавте многу
-Тука сум денеска да ви кажам вам и на граѓаните на Северна Македонија дека сте на добар пат да се приклучте на ЕУ. Со нетпрение очекувам да ве пречекаме таму. Морам да кажам дека е навистина неројатно да се види напредокот, кој што Северна Македонија го постигна како и решителноста да се движи напред во вистинската насока. Тоа е импресивно. Знаеме дека ЕУ има долга историја на пристапување, не била секогаш Унија на 27 членки, туку постојано се работело на проширувањето и таа има историја на почитување за сите и за секоја нација и почит за разноликоста која ја претставуваме. Затоа еден ден сигурна сум дека ќе ја пречекаме Северна Македонија со нејзиниот уникатен идентитет и сопствен јазик. Денеска веќе имаме 24 различни јазици во ЕУ, а еден ден ќе го вброиме и македонскиот јазик во нив. Ова го истакна претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен на заедничката прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски по средбата во Владата.
-Северна Македонија веќе постигна многу, изоде многу и мојата желба е дека апсолутно треба да продолжите. Скрининг процесот се одбвива беспрекорно и ние се стремиме да ги отвориме преговорите за кластерот Фундаменти оваа година и знам дека можеме да го направиме тоа. Свесна сум секако за промената на Уставот. Првите чекори веќе се преземени во Собранието и тоа се добри вести, а сега се надевам дека сите партии, сите страни ќе ја искористат оваа можност да се придвижат напред затоа што сега е вистинскиот момент, цела ЕУ и сите земји кои сакаат да се приклучат кон процесот на проширување. Затоа важно е да се искористи овој момент. Знам дека овие процеси можат да бидат предизвикувачки и сигурна сум дека ќе ја одржите вашата репутација на успешно мултиетничко општество. Вие веќе го отелотворувате мотото на ЕУ - обединети во разнопликоста и тоа е зошто Скопје го доби престижниот наслов на Еропски град на културата за 2028, рече Фон дер Лајен.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа