Израел евакуира уште 14 населби долж границата со Либан: Хезболах игра многу опасна игра
Веста дека Израел планира да евакуира 14 дополнителни заедници во северен Израел доаѓа во момент кога неговата војска вели дека ескалацијата на нападите на Хезболах ризикува „да го втурне Либан во војна“.
Агенција Франс прес пренесува дека портпаролот на израелските одбранбени сили Џонатан Конрикус рекол: „Хезболах го вовлекува Либан во војна во која нема да добие ништо освен да изгуби многу“.
„Хезболах игра многу, многу опасна игра. Тие ја ескалираат ситуацијата. Секој ден гледаме се повеќе напади. Дали либанската држава навистина е подготвена да го загрози она што остана од либанскиот просперитет и либанскиот суверенитет во корист на терористите во Газа?“, рече Конрикус.
Заменик-лидерот на Хезболах, Наим Касем, предупреди дека групата може да го зголеми своето учество во конфликтот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа