Хаос во Вашингтон: Пропалестинските демонстранти упаднаа во зградата на Капитол Хил

 

Пропалестински демонстранти вечерва упаднаа во зградата на „Кон Хаус“ на Капитол Хил во Вашингтон, јавуваат американските медиуми.

Во таа зграда се наоѓаат неколку канцеларии на Претставничкиот дом и Конгресот.

Полицијата на Капитол соопшти дека не се дозволени демонстрации внатре во Капитол и дека работи на расчистување на толпата.

Полицијата веќе приведе неколку лица додека низ зградата одекнуваат извици „прекин на огнот сега“, пренесува Фокс њуз.

Според медиумите, протестот најверојатно е поврзан со групата „Еврејски глас за мир“, која повикува на примирје и се спротивставува на „етничкото чистење на Палестинците од страна на израелската влада“.

18.10.2023 - 22:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега