СЗО: Наредбата за евакуација на Израел е смртна казна за ранливите пациенти
Светската здравствена организација (СЗО) рече дека барањето од ранливите пациенти да се евакуираат од болницата во Газа е „смртна казна“, а шефот на организацијата го повика Израел да ја повлече својата одлука за евакуација.
СЗО соопшти дека локалните здравствени власти во Газа ја информирале дека е невозможно да се евакуираат ранливите болнички пациенти од северниот дел на Газа, откако израелската војска ги повика цивилите да се преселат на југ во рок од 24 часа.
„Има тешко болни луѓе чии повреди значат дека единствената шанса за преживување им е на апаратите за одржување во живот, како што се механичките вентилатори“, изјави портпаролот на СЗО Тарик Јашаревиќ за Ројтерс, додавајќи: „Да се преместат тие луѓе е смртна казна. Барањето од здравствените работници да го направат тоа е повеќе од сурово“.
Директорот на СЗО, Тедрос Гебрејесус, рече дека болниците во Газа се на „пресушна точка“ и директно апелираше до Израел да се премисли.
„Болниците во Газа се на крајните можности“. Без итен влез на помош, основните здравствени услуги ќе запрат што ќе биде катастрофално – за пациентите, здравствените работници и другите цивили кои се оставени или фатени во опасно а можеби и смртоносно масовно движење. Бараме одлуката да се промени“, рече директорот на СЗО.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа