Хеликоптерот на МВР исфрли над десет тони вода врз пожарот во село Блаце

Голем пожар гори во шумски предел во близина на граничниот премин Блаце.

„Одделот за воздухопловни единици на МВР по добиено барање од Центарот за управување со кризи за гасење на пожар во близина на село Блаце, го упати хеликоптерот Бел-412 и во координирано постапување со пожарникарите од Територијалната противпожарна единица, локализиран е крак од пожарот“, велат од МВР.

Хеликоптерот Бел-412 врз пожарот исфрли над десет тони вода.

12.10.2023 - 21:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега