Силен земјотрес ја погоди Словачка: „Се тресеа креветите и масите“
Земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала ја потресе Словачка во 20 часот и 23 минути по локално време.
Епицентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), бил на длабочина од десет километри и десет километри оддалечен од градот Стропково.
„Се тресеа креветите и масите“, „Траеше 6-7 секунди“, „Бев во кревет и се тресеше, а телевизорот на ѕидот се мрдаше“, се дел од коментарите на граѓаните кои го почувствуваа земјотресот.
09.10.2023 - 21:31
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа