Српски државјанин e ранет во Израел
Во нападите во Израел ранет е српски државјанин, изјави почесниот конзул на Србија Александар Николиќ.
– За среќа повредите се полесни. Зборувавме на телефон, тој беше примен во болница и веќе е отпуштен, изјави Николиќ за РТС.
Според него, денешниот лет на „Ер Србија“ бил полн, а за утре и задутре претпладне се планирани дополнителни летови за Белград.
Сирените за воздушен напад се огласија вчераутро во јужен и централен Израел по ракетниот напад од Појасот Газа.
08.10.2023 - 10:32
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа