Пуштен во употреба патот кој ги поврзува Ангелци, Вељуса, Водоча и Баница

 

Патот со кој се поврзуваат селата Ангелци, Вељуса, Водоча и Баница долг 7,5 километри денеска е официјално пуштен во употреба.

- Станува збор за инвестиција вредна 35,6 милиони денари со која се изгради патот Ангелци-Вељуса. Со комплетната реконструкција и поставувањето нов асфалт се поврза и Вељуса со Водоча и Баница, рече директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Љупчо Ѓоргиевски.

Според градоначалникот на Василево, Ване Стојанов, изградбата на регионалниот пат, освен уште едно сообраќајно поврзување на двете општини, значи и поголема безбедност во сообраќајот.

14.12.2013 - 15:00
Фото: 
МИА

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега