Промени во наградната игра со фискалните - еве каде може да ги испратите ковертите

 

Граѓаните од утре до крајот на годината коверите со фискални сметки за учество во наградната игра  „Фискална во рака - награда без мака“ ќе можат да ги остават во наменски кутии поставени на Плоштадот Македонија во Скопје, кои ќе бидат поставени во рамки на „ПРАЗНИЧНА СРЕЌНА БАЈКА“ што ја организира Државаната лотарија на Македонија.

Воедно, сите љубители на игрите на среќа преку понудата на мобилната промотивна продажба ќе можат да учествуваат и во игрите „Бинго Бум“ и „Инстант лотарија“.

- Со оглед на интересот за учество во наградната игра, веруваме дека со овој настан ќе излеземе во пресрет на граѓаните на Скопје и другите градови, кои на својата празнична прошетка низ украсениот центар на главниот град ќе можат да ги добијат сите информации за наградната игра и да ги остават своите коверти за учество во првото коло чие извлекување ќе се одржи на 30 декември, за кога се резервирани наградите: еден стан, еден дуќан, еден автомобил и триесет вредносни ваучери, се вели во соопштението од Лотарија на Македонија.

Во него се додава дека со учество во игрите на среќа кои ќе бидат понудени од мобилната продажба за време на настанот Празнична среќна бајка, играчите ќе имаат можност да освојат еден од 10-те автомобили Голф 7 кои ги нуди инстант лозот 7-ма Брзина, еден од 40-те автомобили Рено Твинго со инстант лозот Твингоманија, еден од 20-те автомобили Поло со инстант лозот Среќни тркала, еден од 35-те скутери од гамата на Пијаџо што ги нуди инстант лозот Смајли.

Исто така, играчите ќе можат да освојат вредна парична добивка од изборот на  Експрес лозот со премија до 300.000 денари, инстант лозот Детелинка со премии од 500.000 денари, Среќни коцки со 5 премии од 1.000.000 денари или најновиот празничен лоз Подарок кој за празничниот период може да изненади со една од 30-те добивки од по 1.000 евра

14.12.2013 - 13:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега