Инспекторите излегоа на терен - маркетите ги намалиле цените на производите
Директорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски вечерва информираше дека ДПИ спроведува надзори по одлуката на Владата за намалување на одредени производи и повика граѓаните да пријават неправилности.
- Во моментов пазарниот инспекторат спроведува надзори по одлуката на Владата, што се однесува на намалување на одредени производи, за најмалку 10%, сметано од цената на производите по која се продавале на 1 август. Нашите надлежности кои произлегуваат од оваа одлука се контрола на цените на производите кои се наведени во одлуката, појасни Трајковски.
Тоа значи, додаде, дека ако се забележи прекршување на одлуката, ќе се постапува во согласност со Законот за трговија, а казните се во висина од 800 - 10.000 евра, во зависност од големината на субјектот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа