Шаќири: Утре започнува новата учебна година, ќе трае до 17 јуни, а за првпат ќе има и пролетен распуст

 

 

Утре ќе стартува новата учебна година а истата ќе трае до 17 јуни, изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири.

Министерот рече дека годинава за првпат основците и средношколците ќе имаат и пролетен распуст и истиот ќе трае од 29 април до петти мај, практика која, се применува во повеќе европски земји и која според наставниците и стручните служби ќе донесе подобри резултати во учењето.

Во изминатиот период како што потенцираше министерот, интензивно се подготвувале со училиштата и локалната самоуправа за успешен старт на учебната година.

„Најголем дел од учебниците за основното образование кои се одборени во изминатиот период како и дел од новите учебници од трето одделение се веќе испорачани до училиштата и апелирам до раководставата на училиштата да ги доделат до учениците. Останатиот помал дел тоа се претежно учебници за шесто одделение ќе бидат доставени веднаш по одобрување од страна на националната комисија за учебници“, информира Шаќири.

 

31.08.2023 - 11:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега