Активен пожар во општина Липково
Во државава е активен еден пожар, а вчера имало вкупно 29, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Активен е пожарот во општина Липково, над селата Извор и Белановце. Се работи за шумски пожар, а ЦУК соопшти дека неговиот интензитет е намален.
ЦУК информира дека се изгаснати 28 пожари, по два во општините Старо Нагоричане, Теарце и Радовиш, а три во општина Зелениково. Изгаснати се и пожарите во општините Липково, Кавадарци, Струга, Ѓорче Петров, Илинден, Студеничани, Боговиње, Прилеп, Долнени и Кочани.
Пожарите биле на локации со сува трева, ниска вегетација, грмушки, стрништа, мешана шума, отпад...
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа