Над 50 загинати во свлечишта во Индија: Куќи срамнети од одрони, луѓе заробени под урнатините
Силниот дожд на индиските Хималаи предизвика лизгање на земјиштето за време на викендот, при што загинаа повеќе од 50 луѓе, а бројот на жртвите се очекува да се зголеми бидејќи најмалку 20 лица се уште се водат како исчезнати, соопштија денеска индиските власти.
Телевизиските снимки од индиската држава Химачал Прадеш покажуваат куќи срамнети со земја од лизгање на земјиштето, автобуси и автомобили висат на работ на клисурите по уривањето на патиштата, а стотици луѓе се на местата за спасување додека работниците за итна помош се обидуваат да ги расчистат урнатините, објави АП.
Невообичаено обилните дождови и топењето на глечерите доведоа до смртоносни поплави во планините на Индија и соседните Пакистан и Непал во последниве години, за кои владините претставници се повеќе ги обвинуваат климатските промени.
„Трагедија повторно го погоди Химачал Прадеш, со континуирани врнежи во последните 48 часа“, рече државниот министер Сухвиндер Синг Суку, кој истакна дека сегашниот број на загинати може да се зголеми бидејќи многумина се уште се заробени во урнатините.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа