Земјотрес во Албанија почувствуван во југозападните делови од земјава
Земјотрес со локална магнитуда од 3,1 степени по Рихтер синоќа во 22.44 часот регистрирала Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Епицентарот на земјотресот бил во Албанија, на 97 километри југозападно од Скопје.
-Според досегашните информации, земјотресот е почувствуван во југозападните делови на нашата Република, со интензитет од II - III степени според Европската макросеизмичка скала, соопшти Опсерваторијата.
03.08.2023 - 09:29
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа