Пожарот во Велес опустоши 50 хектари нискостеблести растенија и борова шума
Целосно е ликвидиран пожарот во Отовица, соопштија надлежните власти.
Пожарот кој попладнево го зафати пределот во с.Отовица кај велешко езеро целосно опожари околу 50 хектари нискостеблести растенија и борова шума.

Навремената, брза и координирана реакција на повеќе институции спречи проширување на пожарот и покрај ветрот и топлото време, а со тоа и настанување на поголема штета.

Во повеќечасовната интервенција учествуваа 5 возила и 16 пожарникари од ТППЕ Велес, 7 лица од ЈКП Дервен, едно лице од Дирекција за заштита и спасување, 5 лица од ЈП Македонски шуми, како и припадници на МВР, граѓани и дел од локалното население со трактори, а од особено значење беше интервенцијата со хеликоптери и авиони од Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи.
02.08.2023 - 20:54
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа