(ФОТО) Одржан првиот настан во „Europe House“ Велес - изложба „На работ на зборовите“

 

Најновото катче на Europe House мрежата во нашата земја, вчеравечер го одржа и првиот настан, изложбата насловена
„На работ на зборовите“, која на присутните им понуди визуелно прикажување на моќта и ограничувањата на јазикот. Домаќини на овој настан беа евроамбасадорот Дејвид Гир и Пол Бушотс, а меѓу гостите беше и министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска.
 
Изложбата на Галерија Акантускурирана од Дијана Томик Радевска, ги прикажа креативните дела на Славица Јанешилева, Оливер Мусовиќ, Нехат Беќири, Александра Петрушевска Ристовска, Анета Попова и Стефан Младеновски.  Уметниците преку различни ликовни техники ја разгледуваат врската меѓу зборовите, јазикот, комуникацијата и општеството.
Програмата беше збогатена и со слем поезија од делата на Кочо Рацин во изведба на Марија Грубор и Филип Букршлиев.
Настанот беше мешавина од креативност и дијалози и ја отслика посветеноста на „Europe House“ за поттикнување дискусии преку креативноста и универзалниот јазик наречен уметност. Изложбата е отворена до 22. септември.

-Европската куќа е фактички мрежа којашто ние ја развиваме тука во земјата, изјави за „Прес24“ евроамбасадорот Дејвид Гир.

„Во моментот има пет, во Скопје, Струмица, Крива Паланка и Велес, а многу набрзо  ќе има уште две, во Тетово и Струга. Пред се, европските куќи постојат за младите луѓе како место каде што може да дојдат и да дискутираат за прашања кои се важни за нив, но, исто така и за прашања поврзани со ЕУ и европската иднина на нашата земја. Меѓутоа, исто така и можност, место каде што ќе може да разговараат за прекрасни работи кои Вие ги имате во Вашата земја“, изјави евроамбасадорот Гир прашан за значењето на европските куќи ширум државата.

„Вечерва слушнавме поезија изрецитирана од Кочо Рацин, нормално, бидејќи сме во Велес, меѓутоа, ја погледнавме и изложбата која, меѓудругото зборува и за македонскиот јазик и којашто е поврзана со Ацо Шопов, бидејќи се вика „Раѓањето на зборот“, додаде Гир.

За крај, тој ги покани граѓаните да проверат дали имаат европска куќа во нивниот град, или некаде во близина, притоа да ги посетат, со цел да дознаат што се случува таму, кои се настаните и како може да им помогнат.

21.07.2023 - 14:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега