(ФОТО) Бомбакис се жени - погледнете како изгледа неговата избраничка
Кристијан Станковски - Бомбакис или во јавноста попознат како дечкото со картоните, веќе не е ерген, денеска се жени. На своите профили на социјалните медиуми сподели фотографии од денешната атмосфера, а конечно објави фотографија и од неговата избраничка Вики Дојчиновска.
Бомбакис направи селфи со својата љубов, па ја објави на социјалните медиуми. До младоженецот и невестата во текот на целиот ден пристигнуваат честитки од сите страни. А Бомбакис денеска испиша и посебен картон, „Ете мајко решив да се женам“.
30.06.2023 - 14:40
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа