Македонски филм освои трето место на фестивал во Каиро

Краткиот игран филм „Човекот со чудна навика да ме удира со чадор по глава“ во режија на Вардан Тозија го освои третото место на филмскиот фестивал во Каиро.

- Во силна конкуренција, урбаната комедија со Игор Ангелов во главната улога, ги освои симпатиите на жирито и ја доби оваа престижна награда. По освојувањето на Гран-при наградата во Луксор, Вљадолид и во Париз, ова е уште еден пример за успехот кој го создаваат низ своите дела  младите македонски филмски режисери, veli продуцентот Огнен Антов. 

Toзија во моментов работи на својот дебитантски долгометражен игран филм кој финансиски е помогнат од Филмскиот фонд на Република Македонија. 

12.12.2013 - 09:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега