„Солунскиот градоначалник ја поддржува пропагандата на Скопје“

Во Грција не запираат нападите против градоначалникот на Солун Јанис Бутарис за неговото учество на презентација на Солун во Стопанската комора на Македонија, јавува МИА.

Според партијата Независни Грци, Бутарис ја поддржува пропагандата на Скопје бидејќи прифатил да стои пред банер на кој пишува Стопанска комора на Македонија.

- За историската вистина за грчкиот карактер на Македонија не се преговара. Со игнорирањето на провокацијата од страна на словенските соседи од Скопје , Бутарис продолжува со однесување и присуство на настани со кои ја признава нивната пропаганда за поддршка на систематските обиди да ја сменат историјата, постојано заборавајќи дека го претставува грчкиот народ , зборувајќи како градоначалник на Солун , а не како ’градоначалник на Скопје, стои во соопштението на партијата.

Од Златна зора коментираат дека „Бутарис е предавник затоа што учествувал на настан во Стопанската комора на Македонија, со што Скопје го признал како Македонија“. 

12.12.2013 - 09:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега