(Видео) Војници ги хранеле децата: Објавено ново видео од децата пронајдени во џунгла, еден месец по авионската несреќа

 

 

Колумбискиот јавен сервис објави нова снимка од четирте деца, кои беа пронајдени во џунглата пет недели по авионската несреќа.

На видеото се гледа како колумбиските војници ги хранат децата.

Тие се на возраст од 13, 9, 4 години и 11-месечно бебе, патувале со нивната мајка од амазонското село Аракуара до градот Сан Хозе дел Гуавиаре кога авионот, Цесна, во кој се наоѓале се урна откако пилотот пријавил дефект на моторот. Несреќата се случи рано наутро на 1 мај.

Децата, кои се членови на домородната заедница Хуито, беа пронајдени од воено куче во петокот, откако поминаа повеќе од еден месец во област полна со змии, комарци и други животни.

Мајката и уште двајца од авионот загинале, а децата преживеале во џунглата јадејќи овошје и семки. Тие беа пронајдени во мало чистилиште во џунглата и однесени во болница во Богота, каде што ги посети претседателот на земјата Густаво Петро.

Лекарите соопштија дека децата се здобиле со каснувања од инсекти и полесни повреди, но дека се во стабилна состојба. Вчера семејството на малите ги откри последните моменти на нивната мајка и советот кој им го дала на децата да се спасат по авионската несреќа во амазонската прашума.

13.06.2023 - 10:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега