Ужас во Турција: Експлозија во фабрика за ракети, загинаа пет работници
Пет работници загинаа во експлозија во фабрика за ракети и експлозивни направи, соопшти турското Министерство за одбрана.
Експлозијата се случи рано утринава во областа Елмадаг, во предградието на Анкара.
Причината за експлозијата се уште не е позната.
„Имаше експлозија во фабриката за ракети и експлозиви МКЕ во областа Елмадаг во Анкара. Во експлозијата загинаа пет наши работници. Покрената е кривична истрага за инцидентот“, соопшти Министерството.
10.06.2023 - 11:49
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа