ВИДЕО: Пратеничка од Италија го доеше бебето во салата, пратениците ракоплескаа

 

 

Пратеничката Џилда Спортиело во Италија го доеше својот син Федерико и предизвика аплауз од колегите.

Таквиот настан не е секојдневие во многу земји, но во италијанскиот парламент во кој традиционално доминираат мажи, наиде на громогласно одобрување од пратениците, пишува Ројтерс.

Претседавачот Џорџо Муле рече дека ова е прв пат да се случи вакво нешто и истакна дека сите присутни даваат целосна поддршка на мајката и синот.

„На Федерико му посакуваме долг, слободен и мирен живот. А сега ќе ги водиме нашите разговори без врева“, изјави тој.

Во ноември минатата година, собраниската Деловничка комисија донесе одлука дека пратеничките можат да ги дојат своите бебиња до една година.

„Премногу мајки се принудени да одат на работа и поради тоа да престанат да ги дојат своите бебиња“, рече една пратеничка од левичарското Движење 5 ѕвезди.

08.06.2023 - 10:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега