Повторно русокоса: Нов имиџ на Анџелина Џоли
Холивудската ѕвезда (48) е фотографирана со прамни во боја на мед, кои потсетуваат на нејзината ера на блондинка од 90-тите отфрлајќи ја својата препознатлива нијанса на темно чоколадо.
Актерката имаше сличен изглед во психолошката драма „Девојка со нарушување“ (Girl Interrupted) од 1999 година, каде што ја глумеше антагонистката Лиса Роу – бунтовен, но харизматичен социопат.
А сега мајката на шест деца е фотографирана додека работи на својата нова колекција со „Клое“, на две фотографии објавени од модната куќа.
На една фотографија е во елегантен црн фустан без ракави со исправена коса додека работи со тимот на претстојната модна палета.
Холивудската икона соработува со француската луксузна модна куќа на создавање одржлива палета Atelier Jolie, која заедно ја дизајнираат Анџелина и креативната директорка на „Клое“, Габриела Харст.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа