По 130 години: Принцот Хари е првиот член на кралското семејство кој ќе сведочи на суд

 

Принцот Хари ќе стане првиот член на британското кралско семејство по 130 години што ќе сведочи на суд, каде што ќе треба да зборува за своите врски пред венчавката со Меган Маркл.

-Тој ќе сведочи како дел од судскиот процес против Дејли Мирор, за кој тврди дека незаконски собирал информации за него, неговиот брат Вилијам, нивната мајка Дијана и нивниот татко кралот Чарлс, пишува лондонски Тајмс.

Хари тврди дека активностите на репортерот на Дејли Мирор го натерале да има масовни напади на депресија и параноја што довело до распаѓање на неговата врска со Челси Дејви.

-Наводниот упад на новинари во нивниот дом „ја доведе г-ѓа Дејви да донесе одлука дека кралскиот живот не е за неа. Што беше неверојатно вознемирувачко во тоа време“, рече принцот.

Хари треба да се појави пред Високиот суд во Лондон, а најдоцна утре ќе почне да дава докази.

Случајот е еден од шесте што принцот ги покрена против медиумите и владата во Велика Британија.

Во друга тужба, тој го тужеше Дејли Мејл, тврдејќи дека бил жртва на хакирање на говорна пошта и предмет на приватни истражители, и дека околу 140 написи објавени помеѓу 1996 и 2010 година содржат информации собрани со нелегални методи.

Адвокатот на весниците Мирор Груп, Ендрју Грин, пред судот во март изјави дека многу од објавените стории за принцот се засноваат на информации што биле или објавени во име на кралското семејство или добиени од членови на кралското семејство.

06.06.2023 - 15:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега