Ристовски во Истанбул: Сите деца заслужуваат еднакви можности и услови за квалитетна едукација

Министерот за образование и наука, Спиро Ристовски денеска во Истанбул се обрати на Меѓународната министерска конференција – “Вклученост на сите деца во квалитетно образование“, во организација на Владата на Република Турција и Регионалната Канцеларија на УНИЦЕФ за Централна и Источна Европа.

 Во своето обраќање, министерот Ристовски ја потенцираше важноста која Владата на Република Македонија му ја придава на образованието, како еден од своите стратешките приоритети и зборуваше за клучните реформи и активности кои се спроведуваат како одговор на предизвиците со кои се соочува земјата во оваа сфера.

 

- “Реформирањето на образовниот сектор останува еден од клучните предизвици. Во таа насока, нашите заложби главно се одразуваат во продоложувањето на циклусот на задолжително основно образование од осум во девет години, како и задолжителното средно образование, реформите во наставните планови и програми, изградбата на нови и реконструкцијата на постојните училишта, обезбедување и примена на информатичко комуникациска технологија во наставата, како и обезбедување на компјутер за секое дете“ рече министерот Ристовски. Тој додаде дека друг важен предизвик е интеграцијата на децата од сите етнички групи, бидејќи како што нагласи, сите деца заслужуваат еднакви можности и услови за квалитетна едукација.

Конференцијата на која учествуваат министрите за образование и за труд и социјална политика од земјите од регионот и пошироко, како и бројни претставници на меѓународни организации, го означува почетокот на регионалната иницијатива за заедничка работа на земјите кон вклучување на што поголем број деца во квалитетно образование, односно кон поттикнување на еднаквоста во образованието и учењето, 

11.12.2013 - 14:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега