Скопски „Водовод“ има загуба на вода од 60 отсто и неплатени обврски кон Буџетот од 3 милиони евра

 

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје има искажани, но неплатени обврски кон државниот Буџет за повеќе години наназад во износ од 185,543 милиони денари или околу 3 милиони евра за надоместоци за користење и испуштање во води, се посочува во  Ревизорскиот извештај на Државниот завод за ревизија (ДЗР) од извршената ревизија на финансиските извештаи на скопски водовод за 2021 година.

- Ревизорите со извршената ревизија утврдиле дека во период од 2017 до 2022 година количината на произведената вода значително отстапува од количината на фактурираната вода, односно процентот на нефактурираната вода се движи околу 60 отсто, што е двојно повисоко од нејзиното оптимално ниво предвидено со Стратегијата за намалување на загубите на вода во водоснабдителниот систем на Град Скопје, наведува ДЗР.

Со извршената ревизија, меѓу другото, е констатирано дека од вкупно 295.750 корисници на вода до денот на известување за ревизијата, ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје нема склучено договори за уредување на меѓусебните права и обврски со 89.634 корисници или со 30 проценти од нив. Најголемиот дел од корисниците со кои не е склучен договор или 97 отсто се од категоријата „домаќинство“, додека останатите три проценти се од категоријата „стопанство“.
23.05.2023 - 14:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега