Бред Пит и Луис Хамилтон го снимаат најголемиот тркачки филм досега

 

 

Луис Хамилтон сè уште е во потрага по осмото првенство во Формула 1, но во меѓувреме тој веќе ја почнува својата следна кариера.

Со претстојниот потфат нема да се оддалечи премногу од патеката бидејќи тој снима тркачки филм со Бред Пит.

Мегаѕвездите Бред Пит и Луис Хамилтон се здружуваат за нов филм во Формула 1 и сè повеќе детали излегуваат на виделина.

Имајќи ги предвид звучните имиња вклучени во проектот, постои одреден притисок да се создаде одличен филм, но тоа не го плаши седумкратниот шампион во Формула 1.

„Имам толку големи надежи за овој проект“, изјави првакот во октомври. „Знам дека ќе го направиме најдобриот тркачки филм што некогаш постоел и визуелно и ќе работиме на тоа да ги привлечеме срцата на сите фанови“.

Филмот сè уште нема име, но медиумите добија општа идеја за заплетот.

Според ИМДБ, филмот следи Ф1-возач (Пит), кој излегува од пензија за да биде ментор и член на тимот на помлад возач“.

12.05.2023 - 20:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега