Западните медиуми: Во сабота Зеленски ќе се сретне со папата
Украинскиот претседател Володимир Зеленски се очекува в сабота во Ватикан да се сретне со папата Франциско, соопштија денеска дипломатски извори за западни медиуми.
Планираното патување, кое не е официјално објавено, би се реализирало само две недели откако поглаварот на Римокатоличката црква изјави дека учествува во мировна мисија за ставање крај на конфликтот меѓу Русија и Украина. Папата не даде детали за иницијативата.
Во моментов нема коментар од украинска страна за евентуалната посета.
Италијански дипломатски извор потврди дека Зеленски би можел да дојде во Рим викендов и да се сретне со премиерката Џорџа Мелони.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа