Во Србија се предадени речиси 6.000 парчиња оружје
За три дена на српското Министерство за внатрешни работи, се предадени околу 6.000 парчиња нелегално оружје. Покрај оружјето дадени се и 290 илјади парчиња муниција, како и 468 минско-експлозивни средства.
Според статистиките речиси половина милион жители на Србија поседуваат нелегално оружје.
„МВР ги повикува граѓаните до 8 јуни да го предадат нерегистрираното оружје и експлозивните направи во најблиската полициска станица или да да ги повикаат полициските службеници да дојдат на посочена адреса и да го преземат“, гласи дел од објавата.
Луѓето до 8-ми мај можат без санкции да го предадат нерегистрираното оружје, за тоа ниту ќе одговараат, ниту ке мора да го потенцираат неговото потекло.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа