Солунскиот градоначалник ги разгневи Грците - стоел пред банер на кој пишувало Македонија

Градоначалникот на Солун Јанис Бутарис ги разгневи Грците бидејќи во Скопје одржа прес-конференција пред банер на кој пишуваше „Стопанската комора на Македонија“.

Како што јавуваат грчките медиуми, фотографијата на Бутарис пред банерот на Стопанската комора на Македонија предизвика остри реакции меѓу читателите кои оставаат бројни коментари од типот дека ако Бутарис се согласил да седи пред „таков натпис, значи дека прифаќа кражба на името на грчка Македонија“.

Бутарис вчера во Стопанската комора во Скопје присуствуваше на презентација на областите кои Солун ги има дефинирано како можност за унапредување на билатералната соработка меѓу двете земји.

11.12.2013 - 11:38
Фото: 
Лидер.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега