Компании од Австралија заинтересирани да инвестираат во Македонија

Македонска парламентарна делегација во чиј состав се пратениците АнтониоМилошоски и Милорад Додевски оствари работна посета на Австралија, попокана на Сенаторот Еглстон, претседател на комисијата за надворешнаполитика.

За време на посетата се остварија средби со повеќе австралискипратеници, на кои што се дискутираше за понатамошно унапредување наавстралиско- македонските односи, а воедно работниот престој во Австралија беше искористен за повеќе средби сопретставници на македонски организации од Мелбурн, Канбера и Сиднеј,како и со стопанственици кои се заинтересирани да инвестираат воРепублика Македонија.

- "Средбитево австралискиот парламент беамногудобра можност за зацврстување на односите со група австралискипарламентарци кои се големи пријатели на Република Македонија имакедонската заедница во Австралија.Особенобеше корисно тоа што имавмеможност да ги претставиме позициите на Република Македонија, со акцентна прашањето за името", вели Милошовски.

 

          Пратеникот Додевски изјави "Ме радува што со секоја посета се унапредувамакедонско-австралиската билатерална соработка, а особено ни се важнипријателствата со Парламентот на Австралија. Задоволен сум штопосетата ја искористивме и за значајни средби со македонската заедницаво Мелбурн, Сиднеј и Канбера, кои се и најдобрите амбасадори наМакедонија во Австралија.Македонските иселеници посебно се интересираатза поедноставување на процедурите за добивање на македонски пасош и запоедноставување на процесот за гласање напретседателските избори,следната година.

11.12.2013 - 11:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега