Кралот Чарлс ја доби круната, згодниот војник зад него го доби вниманието
Едно од жестоко дебатираните прашања на социјалните мрежи неколку часа по крунисувањето на британскиот крал Чарлс и неговата сопруга Камила е – кој е згодниот маж во килт кој чекореше зад кралот? Од САД до Австралија, сите сакаат да дознаат нешто повеќе за високиот, крупен „згоден тип“ на крунисувањето на кралот.
Одговорот е: тој е војникот Џони Томпсон, од неодамна личен придружник на кралот Чарлс. Тој не е батлер, ниту слуга, туку десна рака на кралот во различни ситуации, човек кој внимава да се почитува дневниот распоред на кралот, истовремено телохранител и помошник кој го придружува на јавни настани, пречекува гости, се грижи за состојбата на флотата… На крунисувањето се погрижи страниците, момчињата од семејството на кралот и кралицата, да направат сè како што треба, а тој беше тука да им помогне ако притреба.
Иако многумина дури сега го забележаа темнокосиот, 40-годишен војник, неговата историја во кралската куќа и врската со семејството Виндзор трае со години. Откако дипломирал економија и меѓународна политика, тој се приклучил на армијата и станал офицер во 2006 година. Тој е вработен во кралското домаќинство, но е и офицер на специјална воена единица, гардата на кралскиот двор.
Редовно одеше со кралицата Елизабета во нејзиниот омилен замок Балморал во Шкотска и одигра важна улога во последното испраќање на долговечната владетелка. По нејзината смрт, тој стана личен придружник на Чарлс.
Томпсон е во брак 13 години, а неговата сопруга Каролин е експерт за маркетинг. Имаат четиригодишен син.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа