Ставревски работно во Радовиш

 Вицепремиерот и Министер за финансииЗоран Ставревски вчера работно го прошета Радовиш каде што на организираната работна средба од страна на Градоначалникот Сашко Николов оствари средба со стопанствениците од Радовишкиот бизнис сектор.

 

- Создавањето на услови на повисок економски развој на општина Радовиш и Република Македонија е наша цел и задача, затоа денеска со Градоначалникот Сашко Николов остваривме средба со бизнисмените од општина Радовиш, која средба можеме да ја отценеме како успешна бидејки се работи за луѓе кои знаат да видат бизнис и знаат како да инвестираат, но сепак им е потреба помош од држават и локалната власт и јас сум охрабрен од тоа што го слушнав од нив бидејки имаше намера за нови инвестиции, некаде државата ќе помогне, а некаде локалната власт заедно со градоначалникот со цел да им излезе во пресрет и побрзо да го остварат своите зацртани планови и идеи. Од средбата произлегоа неколку конкретни заклучоци каде што во иднина ќе можеме да реализираме неколку инвестиции во Радовиш, а најбитно е на помалите и поголемите домашни инвеститори да ги подржиме, да ги охрабриме и да им создадеме услови да инвестираат во нови фабрики, погони, односно да се отворат работни места за да се подобри животниот стандард на граѓаните во општина Радовиш – истакна Вицепремиерот и Министер за финансии Зоран Ставревски.

 

 

На работната средба присуствуваа и директорот на Царинската управа Ванчо Каргов, директорот на Управата за јавни приходи Горан Трајковски, Претседателот на Советот на општина Радовиш Никола Миовски, Пратеничката во Собранието Нада Ципушева и други соработници од кабинетот на вице премиерот Ставревски.

11.12.2013 - 10:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега