Брендирање на домашната ракија - проект на „Тиквешки вински пат”

Брендирање на домашната ракија и стандардизација на производството, се целите на проектот што го реализира секторот за вино при Фондацијата „Тиквешки вински пат”, во рамки на „Унапредување на производството на ракија, како прв чекор во нејзиното брендирање” беа презентирани синоќа во Кавадарци.

Дивна Јордановска, директор за вино во Фондацијата „Тиквешки вински пат”, пред присутните истакна дека целта е да се истражи начинот на производство на ракија во домашни услови и да се укаже на грешките со цел нивно надминување.

Проектот е кофинансиран од Министерството за економија.

11.12.2013 - 10:08
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега