Драма во Лондон: Вооружен маж уапсен пред Бекингемската палата
Еден маж е уапсен пред Бакингемската палата откако фрлил чаури од сачмарка во дворот, соопшти полицијата.
Полицијата ја опколи целата област по инцидентот што се случи синоќа.
Властите не го третираат инцидентот како терористички, туку како изолиран случај поврзан со менталното здравје на поединецот, наведува Би-Би-Си.
И покрај тоа, ноќните проби за крунисувањето на Чарлс III продолжија според планираното.
Полицијата соопшти дека кај мажот бил пронајден нож и сомнителна торба, а превентивно била извршена контролирана експлозија.
Кралот и кралицата Камила – кои живеат во блиската куќа Кларенс – не биле во Бакингемската палата за време на инцидентот.
Церемонијата на крунисувањето ќе се одржи в сабота на 6 мај.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа