Министерот Ристовски на конференција во Истанбул

Министерот за образование и наука, Спиро Ристовски, денеска ќе присуствува на Меѓународната министерска конференција „Вклученост на сите деца во квалитетно образование“ во Истанбул. 

Предвидено е министерот да има свое обраќање на настанот кој е во организација на  Владата на Република Турција и Регионалната Канцеларија на УНИЦЕФ за Централна и Источна Европа.

Конференцијата го означува почетокот на регионалната иницијатива за заедничка работа на земјите кон вклучување што поголем број деца во квалитетно образование, поттикнување на еднаквоста во образованието и учењето.

11.12.2013 - 09:45
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега