Принцот Вилијам ќе снима документарна серија

 

 

Војводата од Велс, принцот Вилијам, ќе глуми во сопствена документарна серија.

40-годишниот принц од Велс, кој има три деца со сопругата Кетрин, принцезата од Велс, ги здружува силите со Ај-ти-ви за серијата, која ќе го следи низ Велика Британија на голем број јавни настапи додека тој почнува иницијатива за битка против бездомништвото.

Извор од ТВ за весникот „Сан“ изјави: „Ова е прилично необично – никогаш порано не било направено вакво нешто“.

Општо земено, пристапот до повисоките членови на кралското семејство е многу ограничен и целосно контролиран, но Вилијам очигледно сака да го промени тоа.

„Тој сака да ја истакне својата работа, особено на проектот за бездомници, што беше тема многу блиску до срцето на мајка му, и да се поврзе со јавноста на ново ниво“.

„Тој многу добро знае колку е важно монархијата да развие помодерни односи со британскиот народ“.

„Телевизијата е одличен начин да се направи тоа“.

Сепак, кралските инсајдери истакнуваат дека документарецот на Вилијам нема да биде ништо како фамозниот документарец што брат му Хари и снаата Меган го направија за „Нетфликс“.

Изворот додаде: „Ова е драматичен контраст од она што го правеше Хари. Вилијам ги покани камерите да го следат додека ги исполнува своите должности давајќи соодветен увид во себе и во својата работа како принц од Велс – ова не е ништо слично со ТВ-појавувања на брат му“.

02.05.2023 - 21:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа