Четворица загинати поради расправија за гулаби во Португалија

 

 

66-годишен маж уби три лица, а потоа се самоуби поради расправија за одгледување тркачки гулаби во Португалија.

Престрелката се случила во градот Сетубал, на околу 50 километри јужно од главниот град Лисабон, јавува Би-Би-Си.

Локалните медиуми објавија дека група мажи се скарале поради гулаби.

Жртвите наводно учествувале на натпревар со гулаби кога убиецот ги застрелал, а потоа се самоубил.

Полицискиот комесар во Сетубал, Андреја Гонсалвес, ја опиша смртта како „изолиран случај“ поврзан со спор меѓу група мажи.

Извор од судството за сајтот „Публико“ вели дека причина за недоразбирањето се несогласувањата околу одгледувањето гулаби.

Идентитетот на осомничениот и на жртвите се уште не е соопштен, а истрагата на полицијата е во тек.

Португалија има строги закони за оружје, но огненото оружје е легално за лов, пренесуваат тамошните медиуми.

02.05.2023 - 19:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега