Пакистан ќе увезува евтина руска нафта

 

Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф денеска изјави дека е постигнат договор Пакистан да ја добие првата пратка руска нафта по намалена цена.

„Додека зборуваме, руската нафта се товари за да биде испратена овде“, рече премиерот во парламентот.

Според договорот, Пакистан ќе купува само сурова нафта, а не нафтени деривати.

Министерот за нафта Мусадик Малик минатата недела потврди дека Пакистан ја купил првата пратка руска сурова нафта по намалена цена.

Исламабад сака да увезува 100.000 барели дневно доколку првата трансакција се одвива без проблеми.

Првата пратка најверојатно ќе пристигне во пристаништето Карачи во мај.

 

27.04.2023 - 22:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега